Пчеларството кај нас во Македонија е во подем, па пожелно е новите пчелари доколку сакаат да бидат финансиски поддржани од државата да се информираат за некои од поважните датуми и рокови кои треба да ги запазат. Воедно ова е и потсетување за постарите пчелари.
Пријавувањето и запазувањето на бројната состојба на пчелните семејства во одреден временски период е еден од клучните услови кои треба да се исполнат при побарување на субвенции од државата.
31-ви Октомври е краен датум до кој секој пчелар кој поднел барање за финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, мора да ги чува своите пчелни семејства на своето регистрирано одгледувалиште. Секоја промена на бројот на пчелните семејства, како продажба, кражба, преселување од регистрираното одгледувалиште без евиденција, може да резултира со укинување на финансиската помош од страна на АФПЗРР. Затоа сите пчелари кои имаат поднесено барање за финансиска помош треба да го знаат овој податок и да го имаат предвид неговото значење. После овој датум (кој за оваа година е изминат), од страна на овластените институции не се вршат контроли за евидентирање и контрола на бројната состојба кои би влијаеле на поднесените барања за финансиска подршка. Во наредниот период може слободно да се врши продажба на пчелните семејства, се разбира со задолжителен сертификат за здравствена исправност на истите, се до 1-ви Април кога ќе се пријавува бројната состојба на презимените пчелни семејства за таа календарска година.
Like this:
Like Loading...
Related