Во Битола успешно спроведена дводневната обука за финансиско знаење во земјоделието

На 23-ти и 24-ти Март 2017 година, во хотелот Капри во Битола се одржа дводневната обука за финансиско знаење во земјоделието. Обуките се дел од проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ кој е финансиран од УСАИД а го спроведува „Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП). Главната цел на проектот е подобрување на пристапот до финансии особено до лицата кои се земјоделци/фармери, претприемачи, лица со пониски примања, студенти, мали и микро претпријатијата. Проектот е спроведуван во партнерство со „Сојузот на Микрофинансиски организации“, „Штедилница Можности“, „Фондација Хоризонти“ и „Штедилница ФУЛМ“.

„ЗЗ Агро Фаланга“ како партнер на МРФП во овој проект учествува со организирање на земјоделците за нивно  учество на обуките. Се покажа дека интересот за ваков вид на обуки не само што е голем, туку и дека ваков тип на знаење е неопходен во работата на земјоделците. Во Битола беа присутни овоштари, лозари, раноградинари, сточари и пчелари. Сите беа дојдени со иста цел, да се стекнат со нови знаења кои ќе можат да ги применат во својата работа.

Слика 2

Слика 6

„ЗЗ Агро Фаланга“ раководејќи се од визијата и целите на своето работење се залага за соработка помеѓу здруженијата, но и за соработка со јавниот сектор во државата. „Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта“ е дел од овие обуки благодарение на соработката со „ЗЗ Агро Фаланга“, па така и сточарите добија можност финансиски да се едуцираат.

Слика 4

Слика 1

Следната обука ќе се одржи на 28-ми и 29-ти Март во хотел Фени во Кавадарци, а последната обука ќе се одржи во Гостивар.

Leave a Reply