Во Велес се одржа и вториот ден од обуките за финансиско знаење во земјоделието
На 07 Март 2017 год. (вторник) се одржа вториот ден од обуките за финансиско знаење во земјоделието. Овие обуки се дел од проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ кој е поддржан од УСАИД, а го спроведува МРФП. Проектот е спроведуван во партнерство со Сојузот на Микрофинансиски организации, Штедилница Можности, Фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ.
ЗЗ Агро Фаланга како партнер на МРФП се погрижи на овие обуки да земат учество земјоделци од различни сфери во земјоделието. Обуките кои беа интерактивни, со конкретни вежби и задачи за учесниците, го задржаа вниманието на земјоделците кои активно се вклучија во целиот концепт осмислен од предавачот. Ова за нив претставуваше едно интересно искуство и можност за нови знаење кои ќе можат практично да ги искористат во секојдневната работа во земјоделието. Наградата за нивниот вложен труд следуваше на крајот во вид на Сертификат за учество на дводневната обука.
Галеријата со фотографии од вториот ден од обуките можете да ја погледнете веднаш под текстот.