ЗЗ Агро Фаланга како партнер на МРФП организира бесплатни обуки за финансиско знаење во земјоделието кои се дел од проектот на УСАИД „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ .
Обуките се дводневни и ќе се одржат на 28 и 29 Март 2017 год. во хотел Фени во Кавадарци со почеток од 09:30 часот. На крајот од обуките на присутните им се доделува Сертификат за поминати обуки.
Обуките го опфаќаат финансискиот систем и институции во РМ, како да се дојде до поволен кредит, правилна пресметка на камата, формирање на цена на чинење на производ, регистрација како индивидуален земјоделец, земјоделски пензии, здружување во здруженија и земјоделски задруги и слично.
По одржаните обуки во Велес, Охрид, Прилеп и Битола интересот на земјоделците за посета на овие обуки расте, па така и во Кавадарци се очекува присуство на триесетина земјоделци од повеќе земјоделски гранки.
Like this:
Like Loading...
Related