Во Прилеп на 21 и 22 Март ќе се одржи обука за финансиско знаење во земјоделието

ЗЗ Агро Фаланга како партнер на МРФП организира бесплатни обуки за финансиско знаење во земјоделието кој се дел од проектот на УСАИД „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ .

Обуките се дводневни и ќе се одржат на 21 и 22 Март 2017 год. во хотел Кристал Палас во Прилеп со почеток од 09:30 часот. На крајот од обуките на присутните им се доделува Сертификат за поминати обуки.

Обуките го опфаќаат финансискиот систем и институции во РМ, како да се дојде до поволен кредит, правилна пресметка на камата, формирање на цена на чинење на производ, регистрација како индивидуален земјоделец, земјоделски пензии, здружување во здруженија и земјоделски задруги и слично.

По одржаните обуки во Велес и Охрид интересот на земјоделците за посета на овие обуки расте, па така и во Прилеп се очекува присуство на триесетина земјоделци од повеќе земјоделски гранки.

Leave a Reply