
Известување до пчеларите кои се корисници на директна поддршка од Владата на РМ (субвенции) дека е отпочнат периодот за пријавување на бројна состојба на презимени пчелни семејства. Оваа бројна состојба се пријавува во периодот од 1-ви до 15-ти Април во Ветеринарното друштво каде што имаат матичен ветеринар.
Според „Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2017 година“ корисници на подмерката 2.20 (директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство) се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања изнесува 600,00 денари по пчелно семејство. Задолжително одржување на пријавената бројна состојба на презимените пчелни семејства е до 30.09.2017 година.
Дополнителни директни плаќања од подмерката 2.20 се за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици. Висината на овие плаќања изнесува 1000,00 денари од пчелно семејство.
Like this:
Like Loading...
Related