ГОДИШНА НАРЕДБА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО 2017 ГОДИНА
ГОДИШНА НАРЕДБА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ВО 2017 ГОДИНА
Член 1
Спроведување на мерки за здравствена заштита на животните
Согласно одредбите на оваа наредба во 2017 година ќе се спроведуваат следните мерки за заштита на животните од заразни болести:
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ СВИЊИТЕ
1.1 Класична чума кај свињите
Превентивната вакцинација против класична чума кај свињите, задолжително ќе се врши на целата територија на Република Македонија.
Вакцинацијата на свињите ќе се врши во текот на целата година со атенуирана вакцина, според упатството на производителот на вакцината. Возрасните грла ќе се вакцинираат еднократно. Прасињата ќе се вакцинираат двократно, согласно упатството на производителот на вакцината.
Во прометот може да се пуштаат само имуни свињи, односно свињи кои се вакцинирани најмалку седум дена пред пуштањето во промет.
За утврдување на постигнатиот имунитет со вакцинирање на свињите ќе се земаат мостри. Определувањето на постигнатиот имунитет ќе се врши со дијагностичките тестови, временските рокови и на начин утврден согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Доколку не постои доказ дека свињите се вакцинирани, задолжително ќе се изврши вакцинација.
Во случај на потврдување на болеста, ќе се применат мерките пропишани во Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите.
За свињите кои се убиени и нештетно одстранети заради сузбивање на класична чума на свињите, на сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, му се исплаќа надоместок на штетата. Доколку свињите не биле вакцинирани, нема да биде исплатен надомест на штетата.
Трошоците за вакцинација против класична чума кај свињите во одгледувалишта во кои се одгледуваат повеќе од десет животни годишно во целост се на товар на одгледувачот/сопственикот на животните. Трошоците за вакцинација против класична чума кај свињите во одгледувалишта во кои се одгледуваат десет и помалку од десет животни годишно во целост се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство и се исплаќаат согласно одредбите од Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година и согласно Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните. Трошоците за утврдување на имунитетот во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
-
ЗАРАЗНИ И ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ КАЈ КУЧИЊАТА
2.1 Беснило и дехелментизација
Во 2017 година, сите домашни кучиња и мачки треба да бидат вакцинирани против беснило на целата територија на Република Македонија. Вакцинацијата треба да се врши согласно Правилникот за начинот и постапката за пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерки кои треба да се преземат за сузбивање и искоренување на беснилото.
Паралелно со вакцинацијата против беснило, животните задолжително треба да бидат и дехелментизирани со средство кое делува против Ехинококозата.
Трошоците за вакцинацијата против беснило и дехелментизацијата во целост се на товар на сопствениците на животните согласно Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.
2.2 Бездомни кучиња
Бездомни кучиња кои согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните привремено се задржани во прифатилиштата задолжително треба да бидат вакцинирани против беснило, дехелментизирани со средство кое делува против ехинококозата и испитани на лајшманиоза во Националната референтна лабораторија. Кучињата кај кои ќе се утврди позитивен тест на лајшманиоза треба да бидат еутаназирани.
Вакцинацијата, дехелментизацијата, земањето мостри и дијагностичкото испитување и евентуална еутаназија во целост се на товар на општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ ЖИВИНАТА
3.1 Класична чума кај живината (Авијарна инфлуенца кај живината)
Во текот на 2017 година заради утврдување на присуство на ниско и високо патогена авијарна инфлуенца кај живината и другите птици ќе се спроведе активен надзор над авијарната инфлуенца со лабораториско испитување. Надзорот ќе се спроведува кај сите категории на живина држена интензивно и екстензивно и кај дивите птици согласно Програмата за надзор на авијарна инфлуенца. Дијагностичките испитувања ќе се вршат согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца на начин и во временските рокови утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Земањето, пакувањето и транспортот на мострите до Националната референтна лабораторија се врши на начин утврден согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Земањето примероци и лабораториските испитувања во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
3.2 Њукастелска болест
Целата живина на територијата на Република Македонија ќе се вакцинира против њукастелската болест два пати годишно со вакцина одoбрена за таа намена. Вакцинацијата ја вршат овластените ветеринарните друштва, согласно упатството од производителот. Првата вакцинација се врши на пролет, додека втората вакцинација се врши на есен. Кај новоизведената живина вакцинацијата може да се изврши и помеѓу наведените периоди.
Во случај на потврдување на болеста, ќе се применат мерките пропишани во Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Њукастелска болест .
За живината која е убиена и нештетно одстранета заради сузбивање на њукастелската болест, на сопственикот на живината, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, му се исплаќа надоместок на штетата. Доколку живината не била вакцинирана, нема да биде исплатен надомест на штетата. Трошоците за вакцинацијата на живината во целост се на товар на сопствениците на живината.
3.3 Салмонелоза (предизвикана од соеви на Salmonella spp согласно Националниот план за контрола на салмонела кај живината)
Мерките за надзор, контролата и искоренувањето на салмонелата кај кокошки несилки, матични јата, бројлери, инкубаторски станици (Gallus gallus) во 2017 година ќе се вршат согласно Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на салмонела и други одредени алиментарни интоксикации и Националниот план за контрола на салмонелозата кај живината.
Трошоците за испитување на салмонелата се на товар на одгледувачот/операторот со исклучок на официјалните мостри земени од страна на официјален ветеринар кои се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
Спроведувањето лабораториски испитувања во исклучителни случаеви каде имало позитивни или сомнителни резултати во целост е на товар на одгледува-чот/операторот.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ КОПИТАРИТЕ
4.1 Антракс
Во населените места дадени во Прилог 1 кој е составен дел од оваа наредба ќе се изврши превентивна вакцинација на коњите против антракс најдоцна до 31 мај, согласно упатството на производителот на вакцината.
Коњите можат да се напасуваат во заразените подрачја само доколку се вакцинирани и доколку од вакцинацијата поминало најмалку две недели.
Нововнесените животни, животните кои во рокот од ставот 1 на оваа точка не ги исполнуваат условите за вакцинација, како и подмладокот што ќе се принови подоцна, дополнително ќе се вакцинираат кога ќе ги исполнат условите пропишани од производителот на вакцината.
Трошоците за вакцинацијата против антраксот во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните за 2017 година.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ ПЧЕЛИТЕ
5.1 Американска чума на пчелно легло
Во случај на сомнеж на американска чума на пчелно легло, сопственикот/одговорното лице за пчеларникот треба да го извести овластеното ветеринарно друштво со кое има склучено договор, при што доктор по ветеринарна медицина ќе изврши преглед на сомнителните пчелни легла во пчеларникот и доколку постои сомнеж на американска чума на пчелното легло, ќе го извести надлежниот официјален ветеринар. Во присуство на официјалниот ветеринар ќе се изврши преглед на сите пчелни семејства во одгледувалиштето (пчеларникот) и ќе се земат примероци од сомнителните пчелни легла и ќе се испратат на лабараториско испитување.
Трошоците за клинички преглед на пчелните семејства се во целост на товар на сопственикот односно одговорното лице за пчеларникот.
Трошоците за земање, пакување, испраќање и лабораториското испитување на примероците во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
Во случај на потврдување на болеста, ќе се применат мерките пропишани во Правилникот за мерките за сузбивање и искоренување на заразни болести на пчелите.
За штета настаната при сузбивањето на американската чума на пчелното легло на одгледувачот на пчелите, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, му се обезбедува надоместок на директната штета.
-
БОЛЕСТИ КАЈ ДИВЕЧОТ
Ловечките друштва, концесионерите на ловиштата и Националните паркови треба да ги пријават и достават мршите од угинатиот дивеч до официјалниот ветеринар кој ќе ги достави на лабораториско испитување до Националната референтна лабораторија заради утврдување на причините за угинување.
6.1. Класична чума кај дивите свињи и бруцелоза
Ловечките друштва, концесионерите на ловиштата и Националните паркови треба да ги пријават сите застрелани диви свињи и истите задолжително треба да се испитаат на присуство на класичната чума кај свињите и бруцелоза. Земањето на мостри и видот на дијагностичкото испитување се врши на начин утврден согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Трошоците за лабораториското испитување во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
6.2. Беснило
Мерките за пратењето, контролата и искоренувањето на беснило кои ќе се спроведуваат во 2017 година ќе бидат во согласност со Правилникот за начинот и постапката за пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерки кои треба да се преземат за сузбивање и искоренување на беснилото.
Лисиците заловени во рамките на мониторингот на успешноста на оралната вакцинација против беснило и сите застрелани волци ќе бидат испитани на присуство на болеста.
Трошоците за земање примероци и лабораториско испитување се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
6.3. Трихинелоза
Ловечките друштва, концесионерите на ловиштата и Националните паркови од сите отстрелани диви свињи треба да испратат материјал за испитување (мускулен дел од дијафрагмата, дел од масетерот/или меѓуребрена мускулатура) на присуство на трихинелоза до Националната референтна лабораторија.
Трошоците за лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
6.4. Туларемија, Хеморагична болест кај зајаците и Миксоматоза
Ловечките друштва и концесионерите на ловиштата и Националните паркови треба да ги испратат угинатите зајаци најдени во ловиштето на лабораториско испитување на туларемија, хеморагична болест кај зајaците и миксоматоза.
Трошоците за лабораториското испитување се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ ОВЦИТЕ И КОЗИТЕ
7.1. Бруцелоза кај овците и козите
Мерките за надзор, контролата и искоренувањето на бруцелозата кај овци и кози во 2017 година ќе се вршат согласно Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај овците и козите.
Дијагностицирањето на бруцелоза кај овците и козите се врши на начин и во временски рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Позитивните овци и кози на бруцелоза по добива-њето на резултатот, ќе бидат заклани од нужда или еутаназирани и нештетно отстранети. На сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, за одземените грла му се обезбедува надоместок на штетата. Останатите животни од одгледувалиштето под службен надзор можат да се движат само директно во кланица при што надлежниот ветеринарен инспектор издава документ за испраќање на животни во кланица од одгледувалишта под службен надзор пропишан од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Вадењето крвни проби ќе се врши во нови, стаклени тенкослојни, антихемолитични епрувети.
Крвните проби кои се несоодветни за дијагностичко испитување нема да бидат признати за исплата од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Вакцинацијата, вадењето на крвни проби и лабораториските испитувања во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
7.2. Антракс
Во населените места од Прилог 1 на оваа наредба ќе се изврши превентивна вакцинација на овците и козите против антракс најдоцна до 31 мај, согласно упат-ството на производителот на вакцината.
Напасувањето на овците и козите во заразените подрачја е дозволено само доколку животните се вакцинирани и доколку од вакцинацијата поминале најмалку две недели.
Нововнесените животни, животните кои во рокот од став 1 на оваа точка не ги исполнуваат условите за вакцинација, како и новородените животни, дополнително ќе се вакцинираат кога ќе ги исполнат условите пропишани од производителот на вакцината.
Трошоците за вакцинацијата против антраксот во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
7.3. Трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (Скрепи)
Мерките за надзор, контролата и искоренувањето на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии (Скрепи) кај овците и козите во 2017 година ќе се вршат согласно Програмата за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (ТСЕ). На сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, за одземените грла му се исплаќа надомест на штетата.
Трошоците за лабораториските испитувања во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
7.4. Ентеротоксемија кај овци и кози
Заради подобрување на епизоотиолошката состојба со болеста ентеротоксемија и намалување на морталитетот кај овци и кози, во 2017 година ќе се врши задолжителна вакцинација на сите овци и кози против ентеротоксемија кај овци и кози.
Вакцинацијата ќе ја спроведуваат ветеринарните друштва кои имаат склучено договор со одгледувачот на овци и кози за што траба да издадат потврда.
Трошоците за вакцинација во целост се на товар на одгледувачот на овци и кози.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ ГОВЕДАТА
8.1. Бруцелоза кај говедата
Мерките за надзор, контролата и искоренувањето на бруцелозата кај говедата во 2017 година ќе се вршат согласно со Програмата за сузбивање и искоренување на бруцелоза кај говедата.
Дијагностицирањето на бруцелозата кај говедата се врши на начин и во временски рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Вадењето крв ќе се врши во нови стаклени тенкослојни антихемолитични епрувети.
Крвните проби кои се несоодветни за дијагностичко испитување нема да бидат признати за исплата.
Позитивните говеда на бруцелоза по добивањето на резултатот, ќе бидат заклани од нужда.
На сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, за одземените животни му се обезбедува надоместок на штетата. Останатите животни од одгледувалиштата под службен надзор можат да се движат само директно во кланица при што надлежниот ветеринарен инспектор издава документ за испраќање на животни во кланица од одгледувалишта под службен надзор пропишан од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Земањето на крвни проби, пакувањето, испраќањето и лабораториските испитувања во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
8.2. Антракс
Во населените места од Прилог 1 од оваа наредба ќе се изврши превентивна вакцинација на говедата, против антраксот најдоцна до 31 мај, согласно упатството на производителот на вакцината.
Напасувањето на говедата во заразените подрачја е дозволено само доколку се вакцинирани и доколку од вакцинацијата поминало најмалку две недели.
Нововнесените животни, животните кои во рокот од став 1 на оваа точка не ги исполнуваат условите за вакцинација, како и новородените животни подоцна, дополнително ќе се вакцинираат кога ќе ги исполнат условите пропишани од производителот на вакцината.
Трошоците за вакцинацијата против антраксот во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
8.3. Трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии
Мерките за пратењето, контролата и искоренувањето на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии кај говедата во 2017 година ќе се вршат согласно Програмата за сузбивање и искоренување на трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (ТСЕ).
На сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, за одземените грла му се обезбедува надоместок на штетата.
Трошоците за лабораториските испитувања во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
8.4. Туберкулоза
Мерките за надзор, контролата и искоренувањето на туберкулозата кај говедата во 2017 година ќе се вршат согласно Програмата за сузбивање и искоренување на туберкулозата кај говедата.
Дијагностицирањето на туберкулозата кај говедата се врши на начин и во временски рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
На сопственикот на животните, согласно член 49 став (3) од Законот за ветеринарно здравство, за одземените позитивни грла му се обезбедува надоместок на штетата. Останатите животни од одгледувалиштата под службен надзор можат да се движат само директно во кланица при што надлежниот ветеринарен инспектор издава документ за испраќање на животни во кланица од одгледувалишта под службен надзор пропишан од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Трошоците за туберкулинизацијата со единечен интракутан тест се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита за 2017 година во висина од 50% согласно Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните, а останатите 50% се на товар на сопственикот на животните.
Компаративниот интракутан тест, лабораториските испитувања и ретестирањето на животните во одгледувалиштата каде имало позитивни или сомнителни животни во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
8.5. Болест на чвореста кожа
Редовна превентивната вакцинација против болеста на чвореста кожа кај говедата, задолжително ќе се врши на целата територија на Република Македонија.
Вакцинација на говедата против болеста на чвореста кожа треба да се изврши најдоцна до 31 март, согласно упатството на производителот на вакцината.
Вакцинацијата ќе се спроведе согласно Планот за вакцинација против болеста на чвореста кожа на територијата на Република Македонија даден во Прилог 2 кој е составен дел на оваа наредба и овластените ветеринарни друштва и предвиден број на животни кои треба да се вакцинираат дадени во Прилог 3 кој е составен дел на оваа наредба.
Трошоците за вакцинацијата против болеста на чвореста кожа во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
-
ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ КАЈ АКВАКУЛТУРАТА
9.1 Категоризација и одобрување на објекти
Заради утврдување на здравствениот статус во објектите за производство на аквакултура како и за унапредување на нивото на здравствена заштита на акватичните животни во Република Македонија, во 2017 година ќе се спроведат контроли на објектите за производство на аквакултура и преработка на аквакултура и нивна категоризација врз основа на степенот на ризик во одгледувалиштето во однос на појава и ширење на болести согласно Правилникот за дополнителни услови за надзор кај акватични животни врз основа на анализа на ризик.
Утврдувањето на здравствената состојба на аква-културата, категоризацијата на објектите како и одоб-рувањето на објектите за производство на аквакултура и преработка на аквакултура ќе се врши на начин и со дијагностички тестови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на хра-ната.
9.2 Вирусна хеморагична септикемија (ВХС) и Инфективна хематопоетска некроза (ИХН)
Во 2017 година ќе се врши клинички преглед и земање на примероци од рибите во објектите за производство и преработка на аквакултура. Клиничкиот преглед, начинот на земање и количината на примероци за испитување на ВХС/ИХН треба да се врши согласно Правилникот за условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура од страна на надлежните ветеринарни инспектори.
Трошоците за земањето примероци и дијагностичките испитувања за ВХС/ИХН во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
Клиничкиот преглед и земањето мостри, дијагностичките испитувања ќе се вршат на начин и во рокови утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
9.3 Кои херпес вирус кај крап (КХВ)
Клинички преглед и/или земање на примероци од рибите од крап се врши во објектите за производство и преработка на аквакултура.
Мострите ги зема и испраќа на лабораториско испитување официјален ветеринар.
Трошоците за земањето мостри и дијагностичките испитувања за КХВ во целост се на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
9.4 Останати болести кај рибите
Заради контрола и надзор на заразната некроза на панкреасот кај пастрмките (ИПН) ќе се изврши лабараториско испитување на подмладокот во јуни, а на матичното јато во декември.
Заради контрола и надзор на бактериски нефритис кај пастрмките (БКД) ќе се изврши лабораториско испитување во пролет и на есен.
Заради контрола и надзор на пролетната виремија на крапот (ПВК), задолжително ќе се врши дијагностичко испитување. Редовно испитување еднаш годишно во рана пролет, ќе се врши во рибниците кои произведуваат конзумна риба, рибен подмладок како и кај одгледувачите на крап во кафезните фарми.
Материјалот потребен за порибување на отворените води, реките и акумулациите, треба претходно да биде прегледан и да потекнува од објекти кои се слободни од оваа болест и се одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Земањето мостри, дијагностичките испитувања и ќе се врши на начин и во рокови утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната. Трошоците за земањето мостри и дијагностичките испитувања во целост се на товар на сопствениците.
Контролата и надзорот на болестите заразната нек-роза на панкреасот кај пастрмките (ИПН), бактериски нефритис кај пастрмките (БКД) и пролетната виремија на крапот (ПВК) како и дијагностичките тестови кои ќе се применуваат ќе се врши на начин и во рокови утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Член 2
Спроведување на надзор на други заразни болести
Во 2017 година ќе се спроведува серолошки надзор на стекнатиот имунитет и детекција или докажување на присуство на определени причинители на заразни болести од член 49 став (2) точки а) и в) од Законот за ветеринарно здравство земајќи го во предвид појавувањето и присуството на агенсот во Република Македонија, обврските кон меѓународните организации во кои членува Република Македонија и потребата за верификацијата на барањата од сертификатите за извоз на живи животни и производи од животинско потекло.
Надзорот ќе се врши и на присуство на вектори преносители на заразни заболувања кај животните.
Клиничкиот преглед, земањето примероци како и дијагностичките испитувања ќе се вршат на начин и во рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Трошоците за спроведување на програмите за надзор од ставовите 1 и 2 на овој член се целосно на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година.
Член 3
Дезинфекција, дезинсекција и дератизација
Дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе се врши во одгледувалиштата, објектите и дворовите за одгледување на животни при појава на болести кои задолжително се пријавуваат од страна на овластените ветеринарни друштва по наредба од надлежниот официјален ветеринар. Трошоците за спроведување на дезинфекција, дезинсекција и дератизација се целосно на товар на Програмата за користење на средства за здравствена заштита на животните во 2017 година освен доколку се утврди дека одгледувачот не ги почитувал прописите од областа на ветеринарното здравство во кој случај одгледувачот може да ги сноси трошоците и до 100%.
Член 4
Идентификација и регистрација на животните
Заради контрола на движењето и здравствената состојба на животните во 2017 година ќе се продолжи со спроведување на системот за идентификација и регистрација на говедата, овците, козите, свињите, пчелите и живината.
Идентификација и регистрација на домашни миленици треба да се спроведува согласно одредбите од Правилникот за идентификација и регистрација на домашните миленици.
Во текот на 2017 година, особено во текот на спроведувањето на активности врз животните од видот говеда надлежните ветеринарни друштва треба да направи „попис“ и до надлежните официјални ветеринари да достава листа на огледувачи и животни кои не се најдени на одгледувалиштето. Одјавувањето на животните ќе се вршат на начин и во рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Во текот на 2017 година ветеринарните друштва треба да ги завршат активностите за внесување на географски координати за одгледувалиштата. Активноста за внесување на географски кординати ќе се вршат на начин и во рокови кои се утврдени согласно член 20 став (1) алинеја 5 од Законот за безбедност на храната.
Член 5
Институција која ќе го врши лабораториското испитување
Лабораториските испитувања предвидени со оваа наредба ќе ги извршува Националната референтна лабораторија согласно член 11 од Законот за ветеринарно здравство, која за спроведување на лабораториски испитувања за наведените активности има склучено договор со Агенцијата за храна и ветеринарство.
Член 6
Ветеринарни друштва кои ги спроведуваат мерките согласно оваа наредба
Мерките предвидени со оваа наредба ги извршуваат ветеринарните друштва кои согласно член 41 од Законот за ветеринарно здравство и член 24 од Законот за идентификација и регистрација на животните имаат склучено договор за вршење на активности за спроведување на превентивните активности. За извршување на мерките, се плаќа надоместок определен согласно Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните и Одлуката за висината на надоместоците за спроведување на системот за идентификација и регистрација на животните и висината на надоместокот за дополнителни официјални контроли.
Мерките од член 1 точка 1 подточка 1.1, точка 2 подточки 2.1 и 2.2, точка 3 подточка 3.2 и точка 7 подточка 7.4 од оваа наредба кои во целост се на товар на соственикот, општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје ќе ги спроведуваат ветеринарни друштва кои имаат склучено договор со одгледувачот, општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје.
Член 7
Водење евиденција и известување за спроведените активности
Крвта и другиот материјал кои ветеринарното друштво ги испраќа на лабораториско испитување треба да бидат означени и пропратени согласно методологијата на работа на Информациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство (во понатамошниот текст: ИСАХВ).
Националната референтна лабораторија, ги прима примероците за лабораториско испитување, само доколку истите се соодветно означени и води компјутерска евиденција за извршените лабораториски анализи. Националната референтна лабораторија резултатите од извршените лабораториски анализи ги доставува до ИСАХВ, Агенцијата за храна и ветеринарство, официјалните ветеринари и ветеринарните друштва кои ги доставиле примероците, веднаш по електронска пошта, а и најдоцна за 72 часа по писмен пат.
Ветеринарните друштва, кои ги извршуваат активностите утврдени со оваа наредба, ги внесуваат податоците за извршените активности во ИСАХВ на месечно ниво, најдоцна до 5-ти наредниот месец.
За сите активности кои се извршени согласно оваа наредба (вклучително и активностите кои во целост се на товар на сопственикот), ветеринарното друштво ќе пополни Потврда за извршена активност во три примероци од кои по една за сопственикот на животните, официјалниот ветеринар и ветеринарното друштво.
Формата и содржината на Потврдата за извршена активност се дадени во Прилог 4 кој е составен дел од оваа наредба.
Потврдата за извршена активност од ставот 5 на овој член ја изготвува и издава Ветеринарна комора на Република Македонија.
Доколку одгледувачот на животните одбие спроведување на некои од наредените мерки во неговото одгледувалиште, ветеринарното друштво задолжително за тоа треба да го извести официјалниот ветеринар писмено со пополнување на пријавата за одбивање за спроведување на наредени мерки. Формата и содржината на пријавата се дадени во Прилог 5 кој е составен дел од оваа наредба.
Говедата, овците, козите, свињите, домашните миленици, пчеларниците и одгледувалиштатa на живина кои подлежат на некоја од мерките пропишани со оваа годишна наредба треба да бидат трајно идентификувани и регистрирани според Законот за идентификација и регистрација на животните.