Градот Велес со соопштение за прскање против комарци

Општината Велес ја информира јавноста, посебно пчеларите, за авионско прскање против комарци. Соопштението во кое се повикуваат пчеларите да превземат мерки за заштита на пчелите за време на прскањето гласи:

,,Општина Велес ја информира јавноста дека, поради лошите временски услови, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 23 Мај (Понеделник) 2016 год. во периодот од 05.00 часот до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 24 Мај (Вторник) 2016 год.

Границата на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.”

Leave a Reply