Заклучоци од состанокот на Комисијата формирана од потсекторот за лумбрикултура одржан на 03 Март 2016 година

На 03 Март 2016 година (вчера), се одржа првиот состанок на Комисијата за изработка на Програмата за дејствување на потсекторот за лумбрикултура на Здружението за земјоделци Агро Фаланга. На состанокот кој се одржа преку скајп врска беа присутни Претседателот на Здружението, Љупче Станковски, тим лидерот на потсекторот, Ивица Митрушов и Ацо Павловски и Фросина Трајковска, членови на потсекторската група.

Љупче Станковски - Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга

Љупче Станковски – Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга

На состанокот прв зеде збор Претседателот кој најпрво го детектираше проблемот зошто одгледувачите на лумбрикултура не можат да го остварат правото на субвенции и тоа не само оние кои оваа дејност ја обавуваат како правни лица, туку и оние кои се регистрирани како земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на РМ. Единствената пречка за остварување на правото за субвенции е тоа што лумбрикултурата не е призната како земјоделска дејност. Доколку оваа дејност се признае како земјоделска, тогаш сите субјекти кои се бават со неа ќе можат да побараат да бидат субвенционирани од државата, а исто така ќе можат и да аплицираат за соодветните мерки од ИПАРД програмите.

Ивица Митрушов - тим лидер на потсекторот за лумбрикултура

Ивица Митрушов – тим лидер на потсекторот за лумбрикултура

По образложувањето на Претседателот, присутните дискутираа за планот и стратегијата со кои ќе се дојде до целта, а тоа е признавање на лумбрикултурата како земјоделска дејност и соодветно менување на законската регулатива, т.е. законите, правилниците и прописите.

Од дискусијата на состанокот произлезе следната

ПРОГРАМА за дејствување на потсекторот за лумбрикултура

  1. Дејствување во насока на остварување на целта на потсекторот – признавање на лумбрикултурата како земјоделска дејност.
  2. Проучување на законите, подзаконските акти и правилниците за точно да се утврди каде има потреба од менување на истите.
  3. Прибирање на информации од надлежните институции и јавни сервиси околу статусот на лумбрикултурата како дејност и утврдување која институција е надлежна за решавање на ова прашање.
  4. Консултација и барање на стручни мислења од професорите од УКИМ Земјоделскиот институт и Факултетот за земјоделски науки и храна.
  5. Консултација со останатите одгледувачи на лумбрикултура заради согледување на евентуално постоење на други проблеми во оваа дејност.
  6. Актуелизирање на проблемот преку медиумите и информирање на пошироката јавност за оваа дејност.
  7. Изготвување на барање до надлежните институции за признавање на лумбрикултурата како земјоделска дејност.

Состанокот заврши со распределување на задачи на присутните во насока на исполнување на Програма за дејствување на потсекторот за лумбрикултура.

Leave a Reply