Заклучоци од состанокот на потсекторот за лумбрикултура
На 27.02.2016 година (сабота) во 18:00 часот во просториите на месната заедница Алексо Демниевски -Бауман во Велес, се состанаа група на одгледувачи на калифорниски црви. Состанокот беше од отворен тип, па така на поканата освен членовите на ЗЗ Агро Фаланга се одзваа и други фармери од оваа дејност. На состанокот беа присутни фармери од Скопје, Свети Николе и Велес. Состанокот го отвори Претседателот на здружението, Љупче Станковски, кој го започна состанокот со меѓусебно запознавање на присутните.

Состанок на потсекторската група за лумбрикултура
Присутни на состанокот беа:
- Фросина Трајковска од Велес;
- Игор Божиновски од Скопје;
- Драган Стаменков од Свети Николе;
- Драган Димитриев од Свети Николе;
- Весна Пановска од Велес;
- Крсте Пановски од Велес;
- Ацо Павловски од Свети Николе;
- Ивица Митрушов од Свети Николе;
- Владимир Михајловиќ од Скопје;
- Атанас Иванов од Велес.
Состанокот беше со следениот:
ДНЕВЕН РЕД
Точка 1: Формирање на потсекторска група за лумбрикултура со избор на тим лидер што ќе ја претставува пред институциите на системот.
Точка 2: Изработка на програма по која ќе работи потсекторската група (цели, задачи, стратегија).
Точка 3: Изработка на план за соработка и модуси на активности за зголемување на продажбата на хумусот.
Точка 4: Потенцијали кои произлегуваат од Договорот за соработка со УКИМ Институтот за земјоделие и Договорот за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна.
Точка 5: Разно

Состанок на потсекторската група за лумбрикултура
По работата од првата точка на Дневниот ред се формираше потсекторска група за лумбрикултура која во склопот на Здружението ќе ги застапува интересите на фармерите што се занимаваат со оваа дејност. За тим лидер на групата од страна на Владимир Михајловиќ, а поради неговото активно работоње во организирање на одгледувачите на лумбрикултура, беше предложен Ивица Митрушов. Други предлози немаше. По спроведеното гласање Ивица Митрушов беше избран за тим лидер на групата.

Ивица Митрушов – тим лидер на потсекторот за лумбрикултура
По дискусијата од втората точка на Дневниот ред беше предложено формирање на Комисија од тројца членови која ќе ја изработи Програмата за делување на потсекторската група и нејзините цели, задачи и стратегија. За членови на Комисијата беа предложени Претседателот на здружението – Љупче Станковски, тим лидерот – Ивица Митрушов, и Владимир Михајловиќ . По спроведеното гласање едногласно беше усвоена предлог комисијата.
По третата точка од Дневниот ред се дискутираше долго, по која присутните ги изнесуваа сите проблеми со кои се соочуваат при продажбата на хумусот, формирање на цени, основањето на фирми, проблеми при пуштање на хумусот во промет, високата цена на микробиолошките ии хемиските анализи на хумусот, стандардизација при продажбата на легла со калифорниски црви и др. Во дискусијата стана збор и за проблемите кои произлегуваат од несоодветна законска регулатива или пак од нејзино непостоење во однос на оваа дејност.
Согледувајќи ги сите проблеми изложени од присутните, Претседателот на Здружението дојде до заклучок дека истите произлегуваат од фактот што одгледувачите на калифорниски црви не се признати како земјоделци во Законот за земјоделие на РМ.
По четвртата точка од Дневниот ред, Претседателот информираше за потребната соработка со УКИМ Земјоделскиот Институт и со Факултетот за земјоделски науки и храна, и можностите што произлегуваат од истата. Исто така тој ги информираше присутните на состанокот за проект на ЕУ за финансиска грантовска подршка на Задругите од 1,8 милиони евра кој е во почетна фаза, а претставува одлична прилика за оние кои гледаат перспектива во ваков тип на здружување. Помошта ќе се однесува на постоечките задруги , како и на оние кои ќе се формираат. Затоа Претседателот ја нагласи потребата сите организирани земјоиделци да размислуваат за окрупнување и соработка помеѓу себе. За течењето на проектот, здружението преку состаноци и преку својата веб страна дополнително и навреме ќе ги информира заинтересираните земјоделци.
По изведените заклучоци по сите точки од Дневниот ред се затвори состанокот. Следува работата на формираната Комисија за чија работа ЗЗ Агро Фаланга тековно ќе ги информира сите инволвирани во оваа дејност. Исто така ќе бидат објавени и Документите кои ќе произлезат од работата на истата.