Во организација на Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“, денес со почеток од 12:00 часот во хотелот Гардениа во Велес се одржа средба на група сточари. Присутните сточари беа претставници од повеќе градови во Македонија. Меѓу присутните беа сточари од велешко, прилепско, битолско и кавадаречко. Состанокот го водеше претседателот на здружението, Љупче Станковски.

На состанокот на сточарите им беше оставен простор да ги изложат своите проблеми и да дадат свое видување за ниската откупна цена на јагнето, монополот во откуп на јагниња и телиња, како и проблемот со ниската откупна цена на млекото, односно негово неоткупување од страна на постоечките млекари кај нас. Ставот на сите беше дека монопол постои веќе подолго време кој ја урива цената на јагнешкото и телешкото месо, а со тоа сточарите ги става пред колапс. Дополнителен проблем прави и ненавремената исплата на субвенциите, со што сточарите не можат да ги покријат ниту основните трошоци во производството.


По изложените проблеми и дискусијата околу мерките кои се потребни да се превземат за овие проблеми да се решат и надминат, произлегоа следните заклучоци:
-
Организирање на сточарите во одбрана на својот со мака сработен труд;
– Форми и модуси на делување ќе бидат јакнење на здруженијата и запознавање на сточарите со целите на овие состаноци;
– Барање за донесување на закони кои ќе доведат до либерализација на откупот и конкурентност на пазарот на стока во Македонија и уништување на монополот кој е воспоставен на криминален начин. Доколку ова не се спроведе во најкус можен рок ќе се организираат протести и блокади на патишта и започнување на граѓанска непослушност кон институциите на РМ;
2. Сточарите беа едногласни за организирање на протести и блокади на патиштата доколку не се исплатат субвенциите кои им се итно потребни најдоцна до 15 Мај;
3. Изготвување на план и стратегија за промоција на нашите домашни производи, зголемување на потрошувачката на домашните производи по пат на реклама и формирање на заинтересирана група на граѓани-потрошувачи на овие производи.


Like this:
Like Loading...
Related