Земјоделскиот инжењер Дејан Стоименовски е нов соработник на ЗЗ Агро Фаланга

Дејан Стоименовски – дипломиран инжењер, поледелец
Дејан Стоименовски е дипломиран земјоделски инжењер, роден е во 1975 година и живее во Лозово. Дипломирал на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, 2003 година, на насоката за поледелство. Дипломската работа што ја изработил била на тема: Производство на тутун во реонот на Лозово. Работел на неколку проекти преку Фондацијата отворено општество и УСАИД.
Дејан Стоименовски е новиот член во тимот кој работи на веб сајтот на Здружението за земјоделци Агро Фаланга. Му посакуваме добредојде и успешна работа!