ЗЗ Агро Фаланга потпиша договор за соработка со здружението на агроновинари на Република Македонија Медиа Плус

Здружението за земјоделци ,,Агро Фаланга” и здружението на агроновинари на Република Македонија ,,Медиа Плус” потпишаа меморандум за соработка.

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, Љупче Станковски и претседателката на ЗАРМ Медиа Плус, новинарката Сузана Трајковска на 21 Април 2016 година во Скопје потпишаа договор за соработка од областа на земјоделието и новинарството.

DSCI2053

DSCI2052

Соработката помеѓу двете здруженија се однесува на информации од областа на земјоделието која ги опфаќа новинарите од ЗАРМ Медиа Плус на кои ЗЗ Агро Фаланга им стои на располагање за сите новости, настани и активности кои тековно се одвиваат во рамките на здружението. Меморандумот исто така опфаќа размена на информации помеѓу здруженијата и соработка при снимање на емисии и прилози од областа на земјоделието, како и при пишување на одредени теми кои се актуелни и ги засегаат земјоделците.

Соработката е од отворен тип и остава простор за нови идеи и проекти за заедничка реализација.

 

Leave a Reply