Известување: За пчеларите кои по прв пат пријавуваат пчелни семејства

Пчелен сандак
Известување до сите пчелари кои досега не добивале субвенции, а сакаат истите да започнат да ги добиваат, да извршат регистрација на своите одгледувалишта најдоцна до 15-ти Март. Регистрацијата се врши во најблиската ветеринарна станица каде што е потребно да се отвори РБО (регистарски број на одгледувачница) на ваше име.
Втор чекор е пријавувањето на бројната состојба на пчелните семејства според која се исплаќаат субвенции, а која се врши од 1-ви до 15-ти Април во тековната година. Трета фаза е поднесување на барањето за финансиска подршка кое се извршува најдоцна до 30-ти Јуни во подрачната единица на МЗШВ.
Поднесувањето на барањето за финансиска подршка може да го извршат само оние пчелари кои ги имаат сите потребни документи.