Изработка на едноставна мрежеста подница

Причината за користење на оваа едноставна правоаголна подница без надворешно лето е повеќе наменска. Оваа подница ја конципирав уште далечната 2000 година и од тогаш ја користам комплетно кај сите пчелни семејства без затварање во зимскиот период оддоздола. Во прв момент таа ми беше потребна за подобрување на вентилацијата во кошниците и спречување на свлекувањето на восокот кај рамките. Потоа се увидоа и низа други предности, кои се многубројни. Дел од тие предности се следните:
– заштита од глувци во зимскиот период
– спречува мувлосување на рамките
– испаѓање на ситното ѓубре надвор од сандакот
– надворешните димензии се исти со димензиите на телото и на капакот
– спречување на правење бради надвор од сандакот
– спречување на топење и свлекување на рамките во топлите летни денови
– безбедно селење поради добрата вентилација
– намалување на тежината и трошење на материјал
– комплетна правоаголна форма за лесно збиено товарање
– анти варозна

 

 

Leave a Reply