Метод на заштита на рамки од восковиот молец

Во професионалното пчеларско работење често пати се појавува потреба од складирање на поголема количина на рамки. Љупче Станковски во неговата пчеларска пракса пробал повеќе методи со хемиски стредства, како што е сулфурот и мравја киселина, но не се покажале практични. Како што тој овјаснува прво е потребен многу простор, во еден спрат од сандаците собира 10 рамки, додека во вреќа 40, второ во просторијата има штетни испарувања од сулфур диоксид или мравја киселина. Најеколошки и најпрактично во поглед на просторот е уништувањето на ситниот и крупниот восков молец, заедно со нивните посеани јајца, да се изврши во фрижидер за длабоко замрзнување. Постапката е едноставна и брза и објаснета е во видеото подолу.

Leave a Reply