Можност за посета на саемот за земјоделие во Коња -Турција, преку туристичката агенција Адонис Груп
Од 23-ти до 27-ми Март 2016 година во Коња ќе се одржи 14-ти Меѓународен саем за земјоделие и земјоделска механизација-KONYA AGRICULTURE 2016. АДОНИС ГРУП во соработка со ТУЈАП ФЕРС организира посета на саемот од 23-ти до 26-ти Март 2016 год.
Саемот претставува можност за поврзување, а со тоа и развивање на дејноста на нашите земјоделци со реномирани турски компании. Саемот овозможува размена на искуства и нови приоди во сверата на земјоделието .
На саемот посетителите ќе имаат можност да видат:
-Трактори ,приколки, машини за садење, култиватори, компресори, гребла, мотики, градинарски машини, собирач на памук, опрема за лозарство, опрема за градинарство
-Резервни делови за трактори и земјоделски машини
-Рачен алат, генератори
-Земјоделски услуги, земјоделски задруги и др.
АДОНИС ГРУП организира автобуски превоз, хотелско сместување за три ноќевања со појадок, ручек на саемот, трансфери до хотел и трансфери до саемот.
Котизацијата за саемот изнесува 7100 денари.
За повеќе информации за Саемот посетете ја веб страната: http://tuyap.com.tr/en/exhibitions/14th-international-agriculture-agricultural-mechanization-and-field-technologies-fair#scope-of-the-fair
Пријавувањето за посета на саемската манифестација е најдоцна до 17-ти Март 2016 година.
Подетални информации за саемот може да добиете на телефонските броеви: 02 322 04 69 и 072 264 545