На 27 Март 2016 година ќе се одржи Собрание на ЗЗ Агро Фаланга

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга Љупче Станковски со членови на здружението
Здружението за земјоделци Агро Фаланга го закажа второто Собрание на здружението. Собранието ќе се одржи на 27 Март 2016 година (недела), на кое се покануваат сите членови и соработници на здружението. На Собранието ќе се разгледува работењето на здружението во 2015 година и според неговиот Статут ќе се донесуваат сите потребни документи и акти кои се од стратешко значење за неговата работа.
Членовите и соработниците навремено ќе бидат известени за часот и местото на одржување, исто така и за Дневниот ред на Собранието и сите останати информации поврзани со работата на истото.
Освен работна, Собранието ќе има и свечена атмосфера каде нашите членови и соработници ќе имаат можност поблиску да се запознаат, а воедно и заедно да прославиме една година од постоењето на Здружението.