Во Охрид на 14 и 15 Март 2017 година ќе се одржат обуки за финансиско знаење во земјоделието

ЗЗ Агро Фаланга како партнер на МРФП организира бесплатни обуки за финансиско знаење во земјоделието кој се дел од проектот на УСАИД „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ .

Обуките се дводневни и ќе се одржат на 14 и 15 Март 2017 год. во хотел Ривиера во Охрид со почеток од 09:30 часот. На крајот од обуките на присутните им се доделува Сертификат за поминати обуки.

Обуките го опфаќаат финансискиот систем и институции во РМ, како да се дојде до поволен кредит, правилна пресметка на камата, формирање на цена на чинење на производ, регистрација како индивидуален земјоделец, земјоделски пензии, здружување во здруженија и земјоделски задруги и слично.

Бројот е ограничен, максимално до 15 лица. Сите заинтересирани да се пријават кај претседателот на ПЗ Охрид, Тони Јосифоски, тел. 075 589 784

Leave a Reply