Понуда за набавка на храна за пчели

Здружението за земјоделци Агро Фаланга, за потребите на членовите и пчеларските здруженија со кои соработува, прибира понуди за храна за пчелни семејства и пчеларска опрема. За организирани набавки опремата е со одреден попуст.

Компанијата Shime’s од Битола го нуди следниот асортиман:

Храна за пчели, Booster, готова за употреба во вид на погачи, идеална за сите сезони. Составот на овие погачи е следен: гликоза 52%; фруктоза 40%; триоза 3%; малтоза 2%; сахароза 3%; влажност<20%; енергетска вредност 3280кцал/кг

15970813_1299095863461817_1669816471_n

15995698_1299095940128476_1886446351_n

15970003_1299095906795146_961130044_n

БКВ инверт е шеќерен сируп произведен со ензимска технологија со врвна чистота и искористеност. Прилагоден е на органите за варење на пчелите. БКВ инвертот се користи како готова течна храна или како компонента за правење на погачи за пчели.

15995635_1299096296795107_679621362_n

За сите пчелари кои изработуваат домашна храна за пчели, компанијата нуди инвертен сируп кој е идеална компонента за изработка на домашна храна за пчели, шеќер во прав и најлон кеси за пакување на храната за пчели.

15942334_1299097650128305_49800205_n

15942274_1299097636794973_462342334_n

Доставата до врата е вклучена во понудата.

 

Leave a Reply