Потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружението за земјоделци Агро Фаланга и Пчеларското здружение Охрид

На 20 Октомври 2016 година Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ од Велес и Пчеларското здружение „Охрид“ од Охрид потпишаа меморандум за соработка и взаемна помош.

dsc_0069

Меморандумот се потпиша во општинската сала во Охрид и беше поздравен со голем аплауз од присутните членови на здруженијата. Ова не претставува само формален документ, туку и реална потреба за здружување на пчеларските, а секако и пошироко на земјоделските здруженија, со цел олеснување на нивната работа, подобра организација, поевтини цени при набавките на опрема и се она што им е потребно во нивната работа. Така и овој меморандум се заснова на взаемна помош и соработка во повеќе сегменти како што се заедничко учество во проекти, заедничка набавка на поевтина опрема, можност на користење на веб страната на „Агро Фаланга“ од страна на пчеларското здружение „Охрид“ за свои потреби, односно објавување на материјали, информации, соопштенија и слично кои произлегуваат од нивната работа.

Со потпишувањето на меморандумот и ракувањето на претседателот на „Агро Фаланга“ Љупче Станковски и претседателот на пчеларското здружение „Охрид„ Тони Јосифоски, започна соработката помеѓу двете здруженија која е на взаемно задоволство на двете страни.

Тони Јосифоски, претседател на Пчеларско здружение Охрид од Охрид и Љупче Станковски претседател на Здружението за земјоделци Агро Фаланга од Велес

Тони Јосифоски, претседател на Пчеларско здружение Охрид од Охрид и Љупче Станковски претседател на Здружението за земјоделци Агро Фаланга од Велес

 

Leave a Reply