Краен рок за поднесување на барање за паушално оданочување на земјоделците за изминатата 2016 година е 31 Јануари 2017 год.
Земјоделците заедно со барањето треба да ги поднесат и следниве документи:
-
Копија од лична карта;
-
Имотен лист или договор за закуп или концесија (за оние земјоделци кои имаат приход од земјиште);
-
Потврда од Ветеринарна станица за бројна состојба на стоката или пчелните друштва;
-
Извод од банка за исплата на парични средства преку трансакциска сметка.
Барање за паушално оданочување поднесуваат земјоделци на кои земјоделието им е основна дејност и оние кои се занимаваат со земјоделие како дополнителна дејност, но под услов во минатата година да немаат остварено приход поголем од 1.300.000 денари.
Барањата со потребната документација се поднесуваат на шалтерите на Управата за јавни приходи.
Like this:
Like Loading...
Related