Професор доктор Гоце Костоски ќе одржи предавање пред велешките пчелари на тема: Значењето на зимската прихрана кај пчелите и нивниот пролетен развој

Велешките пчелари ќе имаат можност да се едуцираат за значењето на зимската прихрана кај пчелите и нивниот пролетен развој.

На 18 Ноември 2016 (петок) со почеток во 18:00 часот во општинската сала во Велес, предавање ќе одржи Проф. д-р Гоце Костоски, микробиолог. Негова специјалност е биологија на пчелите и нивната патологија. Предавањето е на тема: „Значењето на зимската прихрана кај пчелите и нивниот пролетен развој“

Еминентниот професор е познат и ценет помеѓу нашите пчелари и веќе има остварено предавања во повеќе градови меѓу кои Прилеп и Охрид. Велешките пчелари за првпат ќе имаат прилика да следат негово предавање, а воедно за нив ова претставува можност за едукација и освежување на своите пчеларски знаења и вештини.

 

 

Leave a Reply