Пчеларски туторијал за проширување на сандак со рамка
Драги членови, симпатизери, сите вие кои ја следите нашата веб страница и сите останати заинтересирани, започнуваме со низата на туторијали од областа на пчеларството. Туторијалите се снимени на пчеларникот на Љупче Станковски, долгогодишен пчелар кој успешно работи со пчелите, а воедно може и да се пофали со голем број на успешно обучени ученици кои работат по неговиот систем и секако постигнуваат одлични резултати во пчеларството.
Следете не и понатаму, ќе има интересни објаснувања од оваа комплексна област како што е пчеларството. Туторијалите се наменети не само за почетници, туку и за сите оние кои веќе се бават со пчеларство, но им треба информација плус и споделено искуство кое ќе им биде од корист.