Работна средба на Агро Фаланга со земјоделската задруга Охридска Черешна од Охрид

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, Љупче Станковски, на средбата која се одржа во петокот на 16 Декември 2016 година во Охрид, се сретна со претставници на земјоделската задруга Охридска Черешна. На средбата тој разговараше со управителот на задругата Николче Спироски и со членовите на задругата Ванчо Стојаноски и Борче Стојаноски. Повод за средбата беше потпишување на меморандум за соработка помеѓу здружението и задругата. Во меморандумот се дефинирани аспектите на заедничката соработка и сферите во кои ќе се движи истата.

dsc_0001

Љупче Станковски – претседател на ЗЗ Агро Фаланга и Николче Спироски – управител на ЗЗ Охридска Черешна

????????????????????????????????????

Љупче Станковски – претседател на ЗЗ Агро Фаланга и Николче Спироски – управител на ЗЗ Охридска Черешна

Овој работен состанок ги апсолвираше проблемите кои произлегуваат од законот за земјоделски задруги и кои претставуваат реална кочница во работата на задругите. Главниот акцент беше ставен на проектот на Европската Унија за финансиска помош на земјоделските задруги кој треба наскоро да отпочне.  ЗЗ Агро Фаланга учествуваше во проектните активности како засегната страна и го даде своето мислење за постоечкиот закон за задруги и проблемите кои произлегуваат од него  на средбата со Дарио Какамизи, тим лидер на проектот. Здружението учествуваше и на работилницата „Подготовка за поддршка на земјоделските задруги во Република Македонија“, на која беа претставени наодите од проектините активности како и препораките за поддршка за воспоставување и зајакнување на земјоделските задруги во главните производни ланци во земјоделието и производството на храна во Р. Македонија. Како гласноговорник и поборник за подобрување на состојбите во земјоделието, Агро Фаланга е повеќе пати нотирана во Извештајот за овој проект.

Важноста на земјоделските задруги како форма на здружување за укрупнување на земјоделието, взаемна помош, координирано производство и заедничко настапување на домашните и странските пазари е повеќе од круцијална, посебно во нашата држава каде земјоделието е расцепкано и на работ на рентабилноста. Земјоделската задруга Охридска Черешна за своето кратко постоење има остварено одлични резултати во работењето и е пример како една задруга треба да функционира и покрај постоечките проблеми со кои се соочува.

Средбата со претставниците на Охридска Черешна беше можност за размена на овие искуства и сознанија при што се дефинираа и насоките во кои ќе се движи взаемната соработка. Агро Фаланга разбирајќи ја потребата на задругата за нејзин технолошки развој и потребата за посовремена механизација и набавка на други средства за работа, целата своја стручна помош и останати ресурси ги става на располагање на задругата со цел остварување на овие нејзини цели. Следната средба е веќе договорена и на неа конкретно ќе се пристапи кон изготвување на документација за добивање на средства кои ќе бидат искористени за набавка на ладилник за потребите на задругата.

 

Leave a Reply