Се ближи крајниот рок за отварање на Регистарски број на одгледувачница

Сите пчелари кои скоро почнале да се бават со пчеларство, а се уште немаат отворено Регистарски број на одгледувачница (РБО), крајниот рок за отварање на истиот за оваа година е 15 Март 2018 год.

За отворање на РБО потребен е само документ за лична идентификација (лична карта) и адреса или место каде е лоциран пчеларникот. РБО издава надлежната локална ветеринарна станица.

РБО може да се отвори без оглед на бројот на пчелните семејства, а потребни се минимум 35 пчелни семејства за да се оствари правото за финансиска поддршка.

 

dsci2080

Leave a Reply