Се одржа Годишната седница на Собранието на ЗЗ Агро Фаланга

На 27 Март 2016 година (недела) со почеток во 18:00 часот во просториите на месната заедница Алексо Демниевски – Бауман во Велес  се одржа Годишната седница на Собранието на ЗЗ Агро Фаланга. Седницата ја водеше претседателот на здружението Љупче Станковски со двајца помошници, Дејан Стоименовски и Фросина Трајковска. Гости на седницата беа Проф. д-р Мелпомена Поповска и Проф. д-р Емилија Симеоновска од УКИМ Земјоделски Институт и Проф.д-р Бојан Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Собрание на ЗЗ Агро Фаланга

Собрание на ЗЗ Агро Фаланга

DSCI1946

DSCI1956

На седницата присуствуваа членови на здружението од Велес, Скопје, Свети Николе, Штип, Лозово, Градско, Струмица и Гевгелија. Собранието започна со поздравен говор на претседателот на здружението кој им посака добредојде на гостите и на членовите и го изрази своето задоволство од големиот одзив. Собранието ја започна својата работа според агендата и дневниот ред. На Првата седница на Собранието на ЗЗ Агро Фаланга беа презентирани извештаите за работата на здружението во првата година од своето постоење пришто присутните беа запознаени со низата на активности а воедно и успесите на здружението во изминатата година. Потоа беа презентирани Деловникот за работа на Собранието и Деловникот за работа со членство, како и Програмата за работа на здружението за 2016 година и Кодексот на однесување на членовите. Сите предложени документи беа изгласани и донесени на Собранието.

DSCI1947

12896189_10201505114506486_376297072_o

DSCI1952

По точката разно членовите дискутираа за различни проблеми со кои се соочуваат и дадоа предлози за дополнување на Програмата за дејствување во насока на разрешување на тие проблеми. Нивните предлози беа едногласно изгласани и допишани во Програмата. Со сумирањето на работата на ЗЗ Агро Фаланга за 2015 година и задачите кои треба да се извршат во 2016 година успешно се заврши работата на седницата.

Почитуваните професори и соработници на ЗЗ Агро Фаланга истапија и земаа збор. Проф. д-р Емилија Симеоновска ги поздрави присутните и изрази задоволство од соработката со здружението, воедно упати и честитки за успешната прва година од постоењето на здружението. Таа нагласи дека Земјоделскиот институт од каде таа доаѓа согласно Меморандумот за соработка кој го потпишаа институтот и здружението, стојат на располагање за поширока соработка со земјоделците.

DSCI1963

Проф. д-р Емилија Симеоновска од УКИМ Земјоделски институт

Проф. д-р Мелпомена Поповска од Уким Земјоделски институт ги поздрави присутните и воедно од нејзиното работно искуство даде позитивни примери за успешни земјоделски здруженија и предложи идеи за означување на македонски производи со ознаката производи со географско потекло. Професорката исто така го изрази своето задоволство од соработката со здружението.

DSCI1969

Проф. д-р Мелпомена Поповска од УКИМ Земјоделски институт

Од Факултетот за земјоделски науки и храна, гостин на ЗЗ Агро Фаланга беше Проф. д-р Бојан Поповски. Тој во својот поздравен говор кон присутните обрна внимание дека не постои ,,прост,, или ,,неписмен,, земјоделец туку постои недоволно образован земјоделец за областа од земјоделието во која тој работи. Затоа професорот ја нагласи потребата од константно образование, следење на светските трендови во земјоделието, посета на разни обуки, презентации и предавања со цел поефикасно и поуспешно работење на земјоделците. За таа цел професорот истакна дека им стои на располагање на земјоделците за било која информација или совет.

DSCI1974

Проф. д-р Бојан Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна

Претседателот на Здружението за земјоделци Агро Фаланга, Љупче Станковски, на крајот од Седницата говореше за проблемите на земјоделците со кои тој имал можност да се соочи при своето делување како основач и претседател на здружението. Тој се осврна кон конкретни примери каде одредени членови на здружението се соочиле со проблеми од несоодветна законска регулатива, високо административни давачки, погрешно упатување од страна на јавните служби кој треба да се сервис на земјоделците и редица други проблеми кои тој како претседател на здружението ќе се залага за нивно разрешување.

DSCI1977

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, Љупче Станковски по завршувањето на Седницата

По завршувањето на работниот дел, претседателот Љупче Станковски ги покани присутните на мало освежување. Во салата каде што се одржуваше Собранието настана пријатна атмосфера и задоволство беше да се види како земјоделците разговараат со професорите и меѓусебе, разменуваат искуства, мислења, даваат идеи и предлози за поуспешно работење во земјоделието. Дел од убавата атмосфера е доловена на следните фотографии.
DSCI1996 DSCI1994 DSCI1992 DSCI1987 DSCI1979 DSCI1981 DSCI1984 DSCI1985DSCI1991 DSCI1995

12915099_10201505114226479_1500544937_o

Во најава е и формирање на Мрежа на жени при ЗЗ Агро Фаланга во која ќе учествуваат и ценетите професорки од Земјоделскиот институт. На свечениот дел од Собранието, жените кои членуваат во здружението имаа можност да се запознаат и да се дружат со професорките, да си разменат мислења и идеи за формирањето и делувањето на мрежата.

DSCI2001

Претседателот на здружението со професорките и жените од здружението

DSCI1997

Жените- земјоделци од ЗЗ Агро Фаланга и нашите ценети професорки

12903666_10201505114306481_1451846578_o

Зачетокот на Мрежата на жени при ЗЗ Агро Фаланга

Првата Седница на Собранието на Здружението за земјоделци Агро Фаланга од Велес помина во одлична работна и свечена атмосфера. Резултатите од работењето од изминатата прва година беа позитивни, а за тековната година претстои уште повеќе работа и нови постигнувања во подобрувањето на состојбата во земјоделието и решавање на проблемите на земјоделците.

Сите документи кои беа донесени на Собранието согласно транспарентното работење на здружението ќе бидат објавени на веб страната на здружението.

,

Leave a Reply