Се прослави Благовец – денот на пчеларите

Групна фотографија во црквениот двор

Групна фотографија во црковниот двор

На 7-ми Април 2016 година во организација на Здружението за земјоделци Агро Фаланга, традиционално се прослави Благовец – денот на пчеларите. Свеченоста се одржа во црквата Св. Спас во Велес каде присуствуваа пчелари од Велес и околината. Се одржа свечена миса каде свештени лица дадоа благослов на присутните и посакаа бериќетна година на сите пчелари. Се благослови и медот кој го носеа пчеларите.

Со црвено вино и бела погача свештените лица ги благословија овогодинешните кумови Лазе Андовски, Благојче Ѓорчевски и Трајче Милевски, а потоа им дадоа благослов и на останатите пчелари. За кумови за следната година се пријавија Гоце Настовски и Тодор Шуманов. По завршувањето на црковната церемонија присутните се упатија во црковната трпезарија со традиционално гравче и риба да го прослават денот.

DSCI2017

DSCI2014

DSCI2013

Пред почетокот на свечениот ручек претседателот на ЗЗ Агро Фаланга Љупче Станковски, со краток говор ги поздрави присутните и им посака успешна и бериќетна година. Кон присутните се обрати и овогодинешниот кум Благојче Ѓорчевски со желби за продолжување на традиционалното празнување на Благовец како ден на пчеларите.

Leave a Reply