Соопштение: набавка на парафин за парафинирање на сандаци

Парафин
Здружението за земјоделци Агро Фаланга организирано ќе врши набавка на парафин за потребите на пчеларите за парафинирање на сандаци.
Цените се повластени за членовите на здружението.
Цената на парафинот е 122,00 денари по килограм.
Сите заинтересирани кои ги заштитуваат своите сандаци со парафинирање и имаат потреба од негова набавка да се јават на 078/ 254-898 заради формирање на список и евиденција на количините.
Пријавувањето за набавката ќе се врши во текот на оваа недела.