Туторијал за транспорт на сандаци со пчели

Во видеото што овојпат ви го презентираме, професионалниот пчелар Љупче Станковски објаснува како најефективно може да се транспортираат пчелите во сезоната кога има потреба од селење. Доколку сакаме да работиме професионално со своите пчели, вели Станковски, неминовно е да се ориентираме кон селидбено пчеларење. Сите пчелари кои започнале со тоа ќе ви признаат дека тоа е најтешкиот дел од нивната работа, но и дека тоа е единствен начин да се осигураат поголеми приноси во текот на пчеларската година.
За ова да биде поедноставно и пофункционално потребни се одредени предиспозиции, а тоа се квалитетна опрема и подготвени пчелари со знаење и искуство во селење. Нашата Македонија не ни е погодна за овој тип на пчеларење но ние мораме да се прилагодуваме кон она што го имаме како околности. Често мораме преку ридести и земјени патишта, во калливи ниви и необработливи површини, да ги транспортираме и поставуваме пчелните семејства, но тоа ни носи финансиски приход и за тоа сме подготвени за оваа работа.- вели Станковски. Во видеото што следи ќе погледнете еден многу ефикасен начин за селење пчели со кој може да се преселат голем број на сандаци без многу да се вознемират пчелите.

Leave a Reply