УЛОГАТА НА ПРОТЕИНИТЕ ВО РАЗВОЈОТ НА МАТИЦИТЕ КАЈ ПЧЕЛИТЕ
Во првите неколку дена откако ќе се изведат, ларвите од пчелите се хранат со матичен млеч кој се излачува од жлездите на возрасните пчели. “Тоа е многу здрава храна која содржи јагленохидрати, протеини и аминокиселини”, вели Робин Мориц, професор по молекуларна екологија на Универзитетот Мартин Лутер (УМЛ) во Германија. По неколку дена, повеќето ларви почнуваат да добиваат мед и полен како нивна храна. Тие ќе се развијат во пчели работнички. Само ларвите кои се предодредени да станат матици ќе продолжат да се хранат исклучиво со матичен млеч. Матицата е единствената сексуално репродуктивна женка одговорна за репродукција на нови поколенија во колонијата.

Потсечена рамка со матичњаци – фотографијата е снимена на пчеларникот на Љупче Станковски

Потсечена рамка со матичњаци – фотографијата е снимена на пчеларникот на Љупче Станковски
“Научниците поминале долго време во потрага по одредена супстанца во млечот што прави ларвите да прераснат во матици”, вели д-р Ања Батстед, научен соработник на професорот Робин Мориц и главен автор на новата студија. Уште кон крајот на 1970-тите, германскиот биохемичар Хајнц Ремболд веќе покажа дека ниту една супстанција не е одговорна за настанувањето на матица – наместо тоа, вистинскиот микс на хранливи материи е она што треба да биде од суштинско значење. “Специјалната исхрана со матичен млеч прави ларвите да јадат повеќе, го стимулираат нивниот метаболизам и развој. При ваквата исхрана, некои други гени доаѓаат до израз и сето тоа резултира со целосно различен развој во организмот на пчелите “, вели Батстед. Исхраната со матичен млеч е, исто така, од суштинско значење за матицата да развие целосно активни јајници – за разлика од стерилните пчели работнички. Во најмала рака, тоа е научен консензус веќе многу децении, како што објаснува Батстед.

Матичњаци – фотографијата е снимена на пчеларникот на Љупче Станковски

Матичњаци – фотографијата е снимена на пчеларникот на Љупче Станковски
Сепак во 2011 година, јапонскиот научник Масаки Камакура предизвика возбуда кога во списанието „Природа“ објави студија во која го претстави протеинот на матичната млеч, ројалактин (royalactin), кој би требало да ја има способноста да ги претвори ларвите во матици. “Студијата ги изненади истражувачите на пчели од целиот свет”, вели Робин Мориц. Оттука и двајцата биолози од УМЛ одлучија да го повторат експериментот на Камакура. Тие добија поддршка од двајца фармацевти од УМЛ: Д-р Кристиан Ихлинг и професор Маркус Пиетч. Групата научници точно го следеше пристапот на Камакура во производството на матичен млеч, кој не содржи ројалактин за исхрана на ларвите во лабораторија. Контролна група на ларви ја добиле истата храна, матичен млеч, но кој што вештачки бил збогатен со ројалактин. Опишувајќи ги резултатите, Батстед вели: “Ниту матичната млеч без ројалактин, ниту таа збогатена со него, не направи било какво влијание во одредувањето дали ларвата ќе се развие во матица или не.” Ларвите кои не добија ројалактин се развија во совршени матици, додека хранењето на ларви со збогатена матична млеч со ројалактин не резултираше со зголемен број на матици.

Обележана матица во сандакот
За разлика од студијата на Камакура, од експериментите на УМЛ произлегоа голем број т.н. интеркасти – пчели со карактеристики на работнички и матици. Батстед вели дека, иако оваа појава е многу ретка во природата, многу често се случува во лабораториски експерименти и е методолошки неизбежна. Резултатите од УМЛ потврдија цел пакет на постари студии за развојот на кастите од многу други истражувачки групи. Затоа, засега, улогата на ројалактин во матичниот млеч останува неексклузивна и претставува еден од многуте извори на протеини во матичната млеч со која се хранат ларвите.
Извор: Bee culture – The magazine of american beekeeping