Љупче Станковски во најновото видео кое може да го погледнете подолу, за квалитетот на пчеларската опрема вели: „Многу пчелари кога купуваат пчелна опрема која е потребна за успешна работа, тргнуваат да бараат таму каде е најефтина. Јас тоа го споредувам со два автомобила, мерцедес и фиат 750 или попознат како фиќо. Кога би требало да се тркате или пак да работите со тие два модела на автомобили, што би одбрале?! Кога ќе одговорите на ова прашање, тогаш и ќе го добиете одговорот на прашањето со каква пчеларска опрема треба да работите. Ова видео го обработува тешкиот метод на изработка на првокласни рамки со работничко саќе, кое во подоцнежниот период преоѓа во уживање кога се работи со нив. Заштедувајќи на времето кое се губи работејќи со криви и неправилни рамки, ние добиваме можност да прегледаме поголем број на семејства, а со тоа да оствариме и поголем финансиски бенефит. Сите што заштедиле и купиле фиќо, после изгубиле многу повеќе. Моја препорака е вашата опрема да биде како мерцедес. Многу време и труд е потребно да се изработи таква опрема, рамки и саќе, но потоа ќе почувствувате како е тоа да управувате мерцедес во пчеларникот.“