После 12 годишно истражување на Универзитетот во Гуелф, Канада, во 2004 година е создадена Фидби, храна наменета за пчели. Таа претставува замена за природниот полен и е високо квалитетна храна за пчелите, која е од растително потекло. Фидби е создадена од 255 избрани и најдобро испитани видови материи кои се земени исклучиво од растенија како: житарици, пупки, разни видови овошја, коренчиња, ливчиња, цветови и слично. При создавањето на оваа храна земени се во предвид потребите за исхрана на пчелите, содржината на вредности на многу видови на природен полен, капацитетот на прилагодување на пчелите кај различни видови на метерии, хранливите и биолошки вредности на материите.

Фидби е создадена од 100% природни состоки и не содржи: соја, ГМО, продукти од животинско потекло, хемиски продукти, храна или вештачки конзерванси. Оваа храна за пчели претставува високо квалитетна протеинска храна, со висок квалитет на витамините и минералите, лесно прифатлива од пчелите и лесно растворлива со есенцијалните аминоациди.
Дејство на Фидби кај пчелите: го зголемува имунитетот и ја подобрува здравствената состојба на пчелните друштва, пчелите се поотпорни на болести, ја зголемува физичката активност на пчелите, ја зголемува плодноста на матица.
Фидби е храна која што е присутна во над 70 земји во светот. Од 2012 година Фидби е присутна и во Македонија чиј единствен увозник е Фидби-Комерц од Охрид, а воедно е и производител на Фидби погачите.

Фидби како исхрана се користи од пчелите во форма на прав (во одредени поволни временски услови) или се додава во сируп и во погача. Погачите кој можете да ги набавите на нашиот пазар се со тежина од 1кг, а процентот на Фидби во нив изнесува од 2%, 5%, 10% и 20%, зависно од потребите. Хранливите вредности на Фидби се: 36,4% протеини; 3,9% масти; 41,8% јагленохидрати; 10% природни шеќери; 3,1% минерали. Фидби инаку не создава негативни ефекти врз квалитетот на медот, не остава резидуи во медот, нема влијание врз природната боја на медот, ниту пак врз неговиот вкус.
Ранопролетната и пролетната исхрана со Фидби и фидби- погачите со минимум 10-20% до максимум 35-40% Фидби во составот на погачите, го зголемува развојот на пчелните друштва за 60-80% повеќе отколку вообичаената прихрана.
Раноесенското, есенското и зимското прихранување со Фидби и фидби-погачите од 5-10% е многу важно за да се заштитат пчелите од недостаток на хранливи материи, за поголема јачина на друштвата, зголемување на нивната отпорност и стартување во пролет со повеќе преживеани пчелни семејства.
Фидби и фидби-погачите се одлична алтернативна прихрана во летниот период за производство на матици и матичен млеч од 10-40%, доколку имаме потреба од вадење на полен за комерцијални цели од 20-40%, за новите роеви од 10-20%, за медоносна пчела од 2-5% при неповолни временски услови, загадена природа или загуби од непознати причини.
https://feedbeemacedonia.wordpress.com/about/
Like this:
Like Loading...
Related