Формирање на Национална рурална мрежа – Проект НИМС

Најновиот проект во Република Македонија кој го спроведува Европската Унија е проектот НИМС во чии рамки ќе се формира Национална рурална мрежа која ќе има за цел да го обедини граѓанскиот сектор и заедно со помош на јавниот сектор да ги разрешуваат проблемите на земјоделците и да се подигне квалитетот на руралното живеење и развојот на руралните средини. Овој проект всушност претставува воведување на нови ИПАРД мерки (LEADER и Советодавни услуги) кои ќе се имплементираат под програмата ИПАРД 2. Проектот е финансиран од Европската Унија а се имплементира од страна на следниот конзорциум: воден е од NIRAS IC Sp. zo.o; поддржан од Foundation id Assistance Programmes for Agriculture (FAPA), Poland и Epicentar, Macedonia.

Вовед во нови мерки на ИПАРД програмата

Вовед во нови мерки на ИПАРД програмата, регионална средба Штип

Во рамките на проектот како подготовка за самото формирање на мрежата одржани се четири регионални консултативни средби со кои се опфаќаат 8 региони во државата, а кои имаа за цел прибирање податоци, мислења, искуства и предлози од најзасегнатата страна, а тоа е граѓанскиот сектор во РМ. Здружението на земјоделци Агро Фаланга учествуваше на регионалната средба која се одржа во Штип на 15-ти Јуни, 2015 година, а се однесуваше на Источниот и Југоисточниот регион. Останатите средби беа одржани во Кичево на 4-ти Јуни 2015 година за Полошки и Југозападен регион; во Куманово на 8-ми Јуни за Скопски и Североисточен регион; во Прилеп на 11-ти Јуни за Вардарски и Пелагониски регион. Регионалните средби ги водеше Исидора Сидоровска, а Доналд Агуилина поблиску го претстави проектот и искуствата од неговото досегашно имплементирање во други држави во Европа.

Доналд Агуилина за искуствата во досегашното имплементирање на НИМС проектот во други европски земји

Доналд Агуилина за искуствата во досегашното имплементирање на НИМС проектот во други европски земји

На регионалните средби претставниците од граѓанскиот сектор беа вклучени со своите мислења и предлози во втемелувањето на НРМ преку работни групи кои тематски се разликуваа, односно секоја група имаше за цел да обработи една од дадените теми: Визија на НРМ; Мисија на НРМ; Мото на НРМ; Структура на НРМ и тн. ЗЗ Агро Фаланга на средбата во Штип го претставуваше своето здружение со поголема група на членови – земјоделци кои се вклучија во сите работни групи и активно учествуваа со свои идеи во формирањето на мрежата со цел нејзина поголема функционалност и продуктивност. Најголеми критики од нашите членови беа упатени кон структурата на самата мрежа, односно водечката улога на државните институции во истата. Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, Љупче Станковски, се залагаше водечката улога во мрежата да ја имаат земјоделците, односно нивните здруженија, а исто така наместо една или две проблематики кои би се решавале во текот на една тековна година (тематски групи), се даде предлог да постојат секторски групи кои во непосреден контакт со земјоделците ќе ги согледуваат моменталните проблеми во земјоделието и руралното живеење, така што ниеден проблем нема да биде запоставен или оставен на чекање.

Работа во работни (тематски) групи

Работа во работни (тематски) групи

Излагање на заклучоците произлезени од групите и нивно заедничко дискутирање

Излагање на заклучоците произлезени од групите и нивно заедничко дискутирање

По завршувањето на регионалните средби од чија работа беа земени во предвид сите предлози и сугестии, мислења и ставови во однос на тоа каква треба да биде структурата на мрежата, нејзините цели, визија и мисија, планови, програма и тн. на 25 Јуни 2015 година се одржа финална средба во ТЦЦ Плаза во Скопје. Оваа средба беше под насловот Финални консултации за формирање на Национална рурална мрежа (НРМ). Воведното обраќање го имаше Адриан Неал кој заедно со Исидора Сидоровска ја водеа оваа средба. Господинот Неал го изрази своето видно задоволство од продуктивноста на регионалните средби и од големото присуство на граѓанскиот сектор и на завршната средба. 

Адриан Неал и Исидора Сидоровска - претставување на НИМС проектот

Адриан Неал и Исидора Сидоровска – претставување на НИМС проектот

Поделба и работа во тематски групи

Поделба и работа во тематски групи

По поделбата во работни групи по зададени теми, граѓанскиот сектор повторно имаше можност да се  изјасни по сите клучни прашања околу формирањето на мрежата и нејзиното функционирање. Работните групи ги водеше по еден претставник од јавниот сектор кој имаше за задача да ја објасни визијата за воспоставувањето и работењето на оваа мрежа, се со цел претставниците од граѓанскиот сектор да бидат попродуктивни во давањето на идеи и предлози за подобрување на сите аспекти од мрежата. Во хотелот Плаза се водеше жива дискусија во рамките на сите групи, а по завршувањето на нивната работа, се сумираа заклучоците и се презентираат пред останатите учесници на средбата.

Презентација на заклучоците од работните групи

Презентација на заклучоците од работните групи

Со завршната средба во Скопје и Финалните консултации за формирање на Националната рурална мрежа (НРМ) не завршува работата ниту пак консултациите во однос на формирање на истата. Сите досегашни учесници и останати заинтересирани страни имаат можност најдоцна до 10 Јули по писмен пат (преку маил) да ги достават своите мислење и предлози кои понатаму ќе бидат земени во предвид при формирањето на мрежата. Нејзиното формирање се очекува да следи во месец Септември, а дотогаш сите заинтересирани субјекти можат да се регистрираат за учество во истата. 

Следни чекори во формирањето на НРМ

Следни чекори во формирањето на НРМ

ЗЗ Агро Фаланга веќе ги приложи документите за членство во мрежата и како и досега, така и понатаму ќе ги следи активностите околу формирањето на истата, а исто така се надеваме и на активно учество во самата мрежа, каде ќе се залагаме за застапување на интересите на земјоделците, разрешување на нивните проблеми, подобри услови за развој на земјоделието и руралните области во РМ.

 

 

Leave a Reply