Јавен повик на АФПЗРР за мерките 1 и 2- рибарство и аквакултура

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува јавен повик бр. 02/2016 за доставување на барања за користење на средствата од Програмата за финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2016 година.

Мерка 1 се однесува на финансиска поддршка во рибарството.

Потточка 1.3 – Риболовни пунктови – изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, надомест за услуга за користење на постоечки пунктови.  Средствата се во висина од 1.500.000,00 денари.

Потточка 1.4 – Финансиска поддршка за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.  Средствата се во висина од 500.000,00 денари.

Потточка 1.5 – Изградба и реконструкција на мандри за традиционален лов на риба во Дојранско езеро. Средствата се во висина од 1.200.000,00 денари.

Мерка 2 – се однесува на финансиска поддршка во аквакултурата.

Потточка 2.1 – Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата: изградба на нови капацитети за аквакултура; проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура; изградба на нови капацитети за преработка на рибите; набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите. Средства во висина од 10.000.000,00 денари. Максималната вредност на прифатливи трошоци е 7.000.000,00 денари по поединечен корисник.

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Потточка 1.3 – Единици на локална самоуправа за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, а корисници на средствата за надомест за услуга за користење на постоечки пунктови се концесионерите на рибите.

Потточка 1.4 – Регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Потточка 1.5 – Единицата на локална самоуправа или концесионерите на риби за вршење стопански риболов на Дојранско езеро.

Потточка 2.1 – Корисници на средства за изградба на нови капацитети за аквакултура се: Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура.

Потточка 2.1 – Корисници на средства наменети за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура се: Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство.

Потточка 2.1 – Корисници на средства наменети за изградба на нови капацитети за преработка на рибите се: Субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија регистрирани за дејност аквакултура и поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат преработувачки капацитети.

Потточка 2.1 – Корисници на средства наменети за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите: Субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат објект наменет за преработка на риби.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2016 година.

За Мерка 2, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката за ко-финансирање се зголемува до 55%, 60% и 65% во случаите кога: 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување или жена носител на земјоделското стопанство; 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје; 65%  од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување или жена носител на земјоделското стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.

Доделената финансиска поддршка е неповратна.

Подетално за условите за користење на средствата и документацијата која се поднесува, подигнување на обрасци и упатства и начинот на доставување на документите на веб страната на АФПЗРР.

Крајниот рок за аплицирање е 31.03.2016 година.

Leave a Reply