Љупче Станковски одржа предавање во Кавадарци на тема „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење“

На 27-ми Јануари 2017 со почеток од 18:00 часот во општинската сала во Кавадарци, претседателот на „Агро Фаланга“ Љупче Станковски одржа предавање пред тамошните пчелари. Ова предавање е дел од серијата бесплатни предавања кои Станковски со голем ентузијазам ги одржува во повеќе градови во нашата држава. Овојпат своето долгогодишно искуство (преку 20 години) во пчеларењето на кавадаречките пчелари им го пренесе преку исцрпен осврт на темата „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење“.

DSC_0008

DSC_0004

Акцентот на ова предавање беше ставен на квалитетната и функционална опрема која треба да биде во употреба долги години. Интересот на кавадаречките пчелари беше сосредоточен врз опремата која одблиску ја разгледуваа на кој начин е направена и до кој степен е осмислена нејзината функционалност. Прашања секако не изостанаа и тие беа насочени кон предностите на опремата и овој систем на работа.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

DSC_0002

Станковски кавадаречките пчелари ги запозна и со јутуб каналот на здружението каде тој редовно објавува корисни видеа и совети од областа на пчеларството, а исто така и со веб страната на здружението каде може да најдат корисни содржини од својата област. На завршетокот на предавањето, поради заинтересираност на присутните членови се отвори можност за одржување на уште едно предавање.

 

Leave a Reply