Љупче Станковски одржа предавање во Охрид на тема Технологија на Фарар системот и методологија на негова работа
На 20 Октомври 2016 година со почеток во 18:00 часот во општинската сала во Охрид, професионалниот пчелар Љупче Станковски одржа предавање на тема „Технологија на Фарар системот и методологија на негова работа“.
Во полната сала беа присутни пчелари од пчеларското здружение „Охрид“ од Охрид кое воедно беше и домаќин на предавањето и пчелари од пчеларското здружение „Пчела“ од Струга. На предавањето претседателот на „Агро Фаланга“ Љупче Станковски оствари контакт и разговори околу заедничките интереси со претседателот на охридското здружение Тони Јосифоски и претседателот на струшкото здружение Цвете Димовски.

Тони Јосифоски, претседател на Пчеларското здружение Охрид од Охрид и Љупче Станковски претседател на Здружението за земјоделци Агро Фаланга од Велес
Предавањето беше медиумски покриено од регионалната О2 телевизија. Изјави за телевизијата дадоа претседателот на „Агро Фаланга“, Љупче Станковски и претседателот на пчеларското здружение „Охрид“, Тони Јосифоски.
Предавањето се одвиваше со многу практични примери и со разновидна пчеларска опрема која предавачот ја имаше донесено за пчеларите да може одблиску да видат и да се запознаат со Фарар системот и неговата технологија и методологија на работа.
Присутните упатија многу прашања до предавачот, посебно помладите пчелари кои сакаат да научат нешто повеќе, но не изостанаа и прашања од повозрасните пчелари кои сакаат да чујат други искуства во пчеларењето. На крајот од предавањето на присутните пчелари им се понуди можноста да ги користат услугите кои ги обезбедува Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“, а тоа е пред се набавка на поевтина пчеларска опрема. Со ова се оствари една соработка помеѓу трите здруженија, а секако на задоволство на пчеларите кои ќе имаат бенефит во своето работење.