Љупче Станковски одржа предавање пред пчеларите во Битола на тема Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење

На 17 Март 2017 со почеток од 16:30 часот во Младинскиот културен центар во Битола, професионалниот пчелар Љупче Станковски одржа предавање на тема „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење“.

????????????????????????????????????

На покана од младите пчелари кои ентузијастички се повеќе и повеќе се одлучуваат да се занимаваат со пчеларење, а со желба за нови знаење и по длабоко навлегување во ефективни техники од областа на пчеларењето, Станковски со задоволство за првпат беше гостин на битолските пчелари. Освен млади луѓе, меѓу присутните беа и поискусни пчелари кои дојдоа да чујат нешто ново и да подискутираат на нивната вечно непресушна тема, пчеларството.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Битолските пчелари имаа можност да се запознаат со технолошките иновации кои Станковски ги има воведено во својот систем на пчеларење, а со тоа и да дознаат нешто повеќе за подобрената функционалност на оваа опрема, бидејќи како што вели предавачот без квалитетна опрема и добро осмислен систем на работа, нема успешно пчеларење. На присутните им беше презентирана опремата со детални објаснувања за димензиите, материјалите и начинот на изработка и за нејзините предности при работа со ваква високо квалитетна и функционална опрема.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

На крајот на предавањето како и секогаш многу прашања, отворена дискусија, размена на искуства и желба за понатамошна соработка, меѓусебна помош и поддршка. Љупче Станковски како претседател на „ЗЗ Агро Фаланга“ на битолските пчелари им ги понуди и услугите на здружението како што се набавка на поефтина опрема, услуги, организирани активности со цел олеснување на работата и намалување на трошоците. По завршувањето  на предавањето се одржа и состанок на кој се разговараше за состојбите во пчеларството, како тие да се надминат, мерки и активности, но и добра стратегија кои треба да се применат за поуспешен медобер, а се разбира и сузбивање на фалсификуваниот мед, со што би се подобрила продажбата на природниот мед. Станковски како и секогаш, па така и на оваа средба го стави акцентот на соработка, заедништво, меѓусебна помош. Соработката со битолските пчелари на взаемно задоволство и понатаму ќе продолжи.

Во продолжение под текстот може да ја погледнете галеријата од фотографии.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Leave a Reply