Љупче Станковски одржа предавање пред пчеларите во Кавадарци на тема Систем на работа со пчелни семејства

На 22 Март 2017 година со почеток од 16:00 часот во општинската сала во Кавадарци, професионалниот пчелар Љупче Станковски го одржа своето второ предавае. Предавањето беше на тема „Систем на работа со пчелни семејства“.

Пред присутните пчелари, Станковски систематски ги објасни сите активности во пчеларникот во текот на една пчеларска година. Тој пластично и со примери објаснуваше конкретни ситуации и чекори кои треба да се превземат во тие одредени моменти со цел поуспешно пчеларење и секако поголем принос на мед.

DSC_0008

????????????????????????????????????

Присутни беа млади пчелари, но и повозрасни кои на крајот од предавањето имаа многу конкретни прашања кои му ги поставија на предавачот. Така се разви една конструктивна дискусија за одредени прашања од пчеларството. Дружбата со кавадаречките пчелари продолжува и понатаму при што тие добија отворена покана од Станковски за посета на неговиот пчеларник што им дава можност одблиску да го погледнат неговиот систем на пчеларење.

DSC_0004

????????????????????????????????????

Leave a Reply