Љупче Станковски утре ќе го одржи своето второ предавање во Кавадарци на тема Систем на работа со пчелни семејства
На 22-ри Март 2017 година (среда) со почеток од 16:00 часот во општинската сала во Кавадарци, професионалниот пчелар Љупче Станковски ќе одржи предавање на тема „Систем на работа со пчелни семејства“. Ова е второ гостување на Станковски во Кавадарци, на покана од кавадаречкото пчеларско здружение. Предавањето е дел од бесплатните предавања кој тој ги одржува овој период во повеќе градови во РМ.

Љупче Станковски – Претседател на ЗЗ Агро Фаланга