Љупче Станковски ќе одржи предавање во Охрид на тема: „Согледување на недостатоци во производството на мед и нивно отстранување”

На 1-ви Декември во општинската сала во Охрид со почеток од 19:00 часот, Љупче Станковски, професионален пчелар и претседател на ЗЗ Агро Фаланга ќе одржи предавање на тема: „Согледување на недостатоци во производството на мед и нивно отстранување”.

Ова е прво предавање за оваа година и е дел од серијата предавања кои Станковски бесплатно ги држи во градовите низ Македонија со цел едуцирање на младите пчелари и проширување на знаењата на сите оние кои пчеларат, а се со цел поефикасно работење и добивање поголеми количини мед. Целта е да се запознаат пчеларите со нови и поефикасни технологии и системи за работа со пчелни семејства.

DSC_0056

Leave a Reply