DSCI0358 Прочитај повеќе

Туторијал за проширување на сандак со рамки 1 и 2 дел

Проширувањето на пчелниот сандак со рамки е есенцијален дел од одгледувањето на пчели. Пчелите во различен период од годината се со различна јачина во сандакот, па според тоа и нивното живеалиште треба да се прилагоди спрема нив. Ова прилагодување се прави за да може пчелата да преживее во зимскиот период, а пак во периодот на […]

Парафин Прочитај повеќе

Соопштение: набавка на парафин за парафинирање на сандаци

Здружението за земјоделци Агро Фаланга организирано ќе врши набавка на парафин за потребите на пчеларите за парафинирање на сандаци. Цените се  повластени за членовите на здружението. Цената на парафинот е 122,00 денари по килограм. Сите заинтересирани кои ги заштитуваат своите сандаци со парафинирање  и имаат потреба од негова набавка да се јават на 078/ 254-898 […]

Ивица Митрушов - тим лидер на потсекторот за лумбрикултура Прочитај повеќе

Заклучоци од состанокот на потсекторот за лумбрикултура

На 27.02.2016 година (сабота) во 18:00 часот во просториите на месната заедница Алексо Демниевски -Бауман во Велес, се состанаа група на одгледувачи на калифорниски црви. Состанокот  беше од отворен тип, па така на поканата освен членовите на ЗЗ Агро Фаланга се одзваа и други фармери од оваа дејност. На состанокот беа присутни фармери од Скопје, […]

vermicompost-1450529 Прочитај повеќе

Покана за отворен состанок на одгледувачи на калифорниски црви – лумбрикултура

Здружението на земјоделци Агро Фаланга упатува отворена покана за состанок до сите одгледувачи на калифорниски црви (лумбрикултура). Состанокот е од отворен карактер и добредојден е секој, како членовите на здружението така и останатите кои  се бават со оваа дејност. Состанокот ќе се одржи на 27.02.2016 (сабота) во просториите на месната заедница Алексо Демниевски- Бауман во […]

DSCI1515 Прочитај повеќе

Јавен повик за ИПАРД програмата – Мерка 121.2 – набавка на пчелни матици и опрема за пчеларство

Мерката 121 од ИПАРД програмата се однесува на инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства. Конкретно подмерката 121.2 се однесува на набавка на пчелни матици и опрема за пчеларство. По оваа мерка предвидени се средства во висина до 800.000,00 денари максимална вредност за набавка на опрема за пчеларство и во висина до 600.000,00 денари максимална вредност за […]

agritask1 Прочитај повеќе

Јавен повик за ИПАРД програмата – мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност

Мерката 112 од ИПАРД програмата е наменета за помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Максимална вредност на прифатливите трошоци по оваа мерка изнесуваат до 600.000 денари по поединечен корисник. Право за користење на средствата имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, […]

phacelia-tanacetifolia-benth Прочитај повеќе

Јавен повик за ИПАРД програмата – мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства

Мерката 121 од ИПАРД програмата се однесува на инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства. По оваа мерка се исплаќаат средства во висина до 2.500.000 денари по корисник за подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини. Средства во висина до 6.500.000 денари по корисник се исплаќаат за набавка на добиток […]

Пчеларникот на Љупче Станковски Прочитај повеќе

Туторијал за парафинирање на пчелни сандаци

Во серијата туторијали со професионални совети за пчеларење и корисни и конкретни објаснувања со примери на лице место на пчеларник, овојпат имаме туторијал кој ни го објаснува процесот на парафинирање на пчелни сандаци. Со овој процес на парафинирање на пчелни сандаци тие стануваат отпорни на влага, а во исто време им се продолжува работниот век многукратно. За оние […]

Љупче Станковски - Претседател на ЗЗ Агро Фаланга Прочитај повеќе

Лешниците стануваат исплатлив бизнис

Откупот на родот е загарантиран по моменталната берзанска цена на лешникот во Италија Одгледувањето лешници станува исплатлив бизнис во Македонија и сѐ повеќе граѓани се интересираат за начинот на производство и пласманот на овие јаткасти плодови. Земјоделците што веќе вложиле во овој агробизнис велат дека инвестицијата не е голема, а наедно носи одлична заработка. Претседателот […]

Scan 50002 Прочитај повеќе

Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија

Во рамки на проектот Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија, Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организираат  8 работилници, во секој од планските региони во Република Македонија.  Дел од работилниците веќе се одржаа, а Здружението за земјоделци Агро Фаланга веќе учествуваше на работилницата […]