ЗЗ Агро Фаланга во посета на прилепското село Мало Рувци по повод традиционалното стрижење на овци
Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ го посети прилепското село Мало Рувци. На покана од сточарот од ова село, Зоран Трајчески, претседателот на здружението Љупче Станковски, сточарот Ѓоке Велков од кавадаречкото село Марино и уште неколкумина сточари од прилепско присуствуваа на стрижење на околу 350 овци. Искусниот Велков им се придружи на прилепските сточари во стрижењето, а домаќинот […]